Македонија СДСМ вечерва на трибина во Штип

СДСМ вечерва на трибина во Штип

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва ќе одржи трибина во Штип, со почеток во 19 часот, во Големата сала на Собранието на Општина Штип.

„Целта е да разговараме со граѓаните за проблемите во државата, изворно да слушнеме што мислат граѓаните и да ги соопштиме нашите решенија, како да ја вратиме Македонија во нормален колосек. Ги покануваме граѓаните и медиумите да бидат дел од вечерашната трибина“, стои во соопштението од СДСМ.