Македонија СДСМ: Судскиот совет е доказ за партизацијата на институциите

СДСМ: Судскиот совет е доказ за партизацијата на институциите

Никола Груевски продолжи со инструментализација на судството за тесно-партиски цели, обвини СДСМ.

Во соопштението на опозицијата стои дека изборот на претседател на Судскиот совет е уште еден доказ за класична партизација и за приватизација на институциите од Никола Груевски и од тесната група на власт.

„За претседател на Судскиот совет, кој веќе подолго време не фунционира, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, е поставен поранешен правник во Министерството за одбрана. Со ова, судското тело на чијшто предлог се именуваат и разрешуваат судии, како што можевме да слушнеме, по налози на Јанкулоска и на други соработници на Груевски, повторно е сместено во сигурни партиски раце“, реагира опозицијата.