Македонија СДСМ: Соработниците на Груевски и на Мијалков да престанат со опструкциите на...

СДСМ: Соработниците на Груевски и на Мијалков да престанат со опструкциите на СЈО и на МВР

Специјалното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи мора да бидат оставени професионално да ја завршат својата работа во интерес на правдата, за да ја вратат довербата на граѓаните во институциите, реагираат денеска од опозицискиот СДСМ, во врска со случувањата на линија СЈО – УБК од изминатите денови.

„Владеење на правото во оваа земја мора да има и секој што го прекршил законот ќе се соочи со одговорност. Попречувањето на работата на СЈО од страна на соработниците на Никола Груевски и на Сашо Мијалков во системот на МВР укажува на паничен страв на фамилијата од откривање на вистината за сторениот криминал и оддава признавање на вина. Одговорност за прислушувањето мора да има и ќе има“, стои во соопштението на СДСМ.