Македонија СДСМ: Со Велјановски и со Груевски, демократијата и слободата во Македонија имаат...

СДСМ: Со Велјановски и со Груевски, демократијата и слободата во Македонија имаат 365 лоши денови

Евидентна и лесно воочлива е конфузијата на спикерот Трајко Вељаноски, стои во соопштението на СДСМ, по реакцијата на претседателот на Собранието, во која тој тврдеше дека и опозициската партија сакала да не се верификуваат мандатите на пратениците.

„Зарем човекот кој држеше брифинзи со новинари и преку медиумите упатуваше ултиматуми, поставувајќи крајни рокови за пратениците од опозицијата, денеска сака да каже дека тие ултиматуми и рокови ги давал со заемна согласност? Ќе го потсетиме Велјановски дека заемна согласност меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е постигната околу Извештајот за настаните од 24 декември каде што се констатира дека Трајко Влјаноски го прекршил Уставот и треба да понесе одговорност. Оттука, за заемна согласност Трајко Велјаноски може да ја смета единствено потребата веднаш да си поднесе оставка. Едно е јасно, со Велјановски и со Груевски, демократијата и слободата во Македонија имаат 365 лоши денови годишно“, се вели во соопштението од СДСМ.