Главна секција СДСМ со нов протокол за присуство на „бомбата“

СДСМ со нов протокол за присуство на „бомбата“

На прес-конференцијата на СДСМ, на која треба да се обрати лидерот Зоран Заев, се чини дека има нов протокол.

На влезната врата стои обезбедување, а партиските членови кои беа дел од прес-конференциите ги пуштаат откако

ќе влезат новинарите.

Последната „бомба“ од седиштето на СДСМ предизвика реакции во јавноста, по исвиркувањето на новинарите кои му поставуваат прашања на Заев.

За недоличното однесување на присутните реагираа новинари од повеќе медиуми.