Македонија СДСМ: Со граѓаните направивме програма за враќање на средната класа

СДСМ: Со граѓаните направивме програма за враќање на средната класа

„СДСМ заедно со граѓаните, по бројните средби во цела Македонија, ја направи програмата за враќање на средната класа. Тим на СДСМ веќе подготви дополнувања на програмата со нови предлози и решенија“, пишува во соопштението на опозициската партија.

Во соопштението се вели дека оваа програма ќе им го врати достоинствениот живот на граѓаните, кој им бил одземен од тесната профитерска група на власт.

„ВМРО-ДПМНЕ си го гледа крајот под водство на нивниот претседател Груевски и на неколкумина негови соработници вмешани во криминално-корупциските афери што ги откри проектот „Вистината за Македонија“ и затоа преку пропагандата измислуваат лаги. Колку е исплашен Никола Груевски, освен излитената фраза за тоа дали СДСМ има програма, покажува и споменувањето на специјалниот јавен обвинител каде што ќе стигне. Тоа изгледа му стана кошмар“, се вели во соопштението на партијата.

Во него се додавадека според договорот за разврска на политичката криза што го потпишал и Никола Груевски во Пржино, специјалниот јавен обвинител ќе има надлежности за сè што е поврзано со прислушувањето и со содржината на објавените разговори.