Главна секција СДСМ со 12 „бомби“ низ Македонија, првите во Охрид и во Штип

СДСМ со 12 „бомби“ низ Македонија, првите во Охрид и во Штип

Презентацијата на прислушуваните разговори СДСМ ќе ја фокусира во градовите низ Македонија. Според изворите на „Мета“, в четврток дваесеттата „бомба“ ќе пукне во Охрид, каде ќе има и марш, а в сабота во Штип.

– Од морето криминални активности и изборни малверзации и манипулации на ВМРО -ДПМНЕ во Охрид и во Штип, локалните лидери на СДСМ во овие два града ќе имаат можност да одберат што ќе презентираат пред јавноста – вели висок член на оваа опозициска партија.

Следната седмица, пак, според најавите, „бомби“ ќе одекнат и во Велес и во Тетово.

Како што велат од СДСМ, по презентацијата на „бомбите“ во 12 поголеми градови во земјава, „бомби“ ќе има и во помалите градови, за што дополнително ќе се прави агенда.