Македонија СДСМ: Снимката е доказ за тоа кој во Македонија снима и следи...

СДСМ: Снимката е доказ за тоа кој во Македонија снима и следи комуникации

Скандалозна е видеоснимката од кабинетот на Никола Груевски објавена во дневникот на провладината телевизија „Сител“ . Тоа е класична потврда и клучен доказ за тоа кој во Република Македонија снима и следи комуникации, велат од СДСМ.

– Еве како се следи и се снима лидерот на опозицијата. Еве како се следат и се снимаат илјадници граѓани во Република Македонија. Прикажаниот видеоматеријал потврдува дека Никола Груевски ги снима оние коишто доаѓаат на политички средби во неговиот кабинет. Пример без преседан во Европа – велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека со ваквото постапување Никола Груевски прави кривично дело неовластено снимање и прислушкување според член 151, став 3 и член 152 од Кривичниот закон.

– Денеска „Сител“ сето тоа го покажа на виделина пред јавноста. Што се однесува до содржината во видеоснимката, во обраќањето на 31 јануари 2015, претседателот Заев јасно посочи дека неверојатно е Груевски да е толку наивен и да мисли дека Зоран Заев во разговор ќе го открие идетнитетот на лицата што ги доставиле доказите до него – стои во соопштението од СДСМ.