Македонија СДСМ: Се враќаат долговите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Се враќаат долговите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Се враќаат долговите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а Владата предводена од СДСМ одговорно управува со јавните финансии, ја намалува фреквенцијата на задолжување и редовно ги сервисира наталожените долгови, одговараат од СДСМ на денешното обвинување од ВМРО-ДПМНЕ дека власта се повеќе ја задолжува земјата и не дава отчет за тоа.

„Со дел од средствата од вчерашните аукции се враќаат стари долгови направени од ВМРО-ДПМНЕ. Овие средства се обезбедени со пониски камати во однос на аукциите во минатото кога се движеле и до 4,60%. Само во месец јуни по основ на претходни долгови, односно за претходно издадени државни хартии од вредност за исплата доспеваат речиси 30 милиони евра“, се вели во реакцијата.