Македонија СДСМ: РЕК Битола е пред колапс

СДСМ: РЕК Битола е пред колапс

Три блока на Рударско-енергетскиот комбинат Битола не фукнционираат, комбинатот е пред колапс, велат од СДСМ.

„Бидејќи повеќе од 80 отсто од вкупното производство на електрична енергија во земјава доаѓа од овој комбинат, повеќе од јасно е дека по најновата хаварија, ќе мора да се изврши интервентен увоз на скапа струја, а сметката, на крајот, ја плаќаме ние, граѓаните. Ако постојано не работат и одново и одново се поправаат, еден блок, два блока, еве сега и трите блокови одеднаш, тогаш за што се дадени неколку стотици милиони евра што власта ги правдаше дека се за реконструкција на блоковите на РЕК? Нели ќе се подобреше функционирањето на РЕК Битола? Напротив, испадите и дефектите зачестија! Раководствата на ЕЛЕМ и на РЕК Битола мора да понесат одговорност“, вели Васко Ковачевски од СДСМ.