Македонија СДСМ поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник Илија Србиновски

СДСМ поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник Илија Србиновски

Денеска до јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник Илија Србиновски.

Кривичната пријава е за злоупотреба на службена положба и овластување на поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, а сегашен раководител на подрачната единица на министерството во Битола.

– Денеска поднесов кривична пријава, а во прилог ги дадовме сите докази што пред некој ден ги презентиравме на прес-конференција. Никола Греувски за овој огромен скандал одбра да молчи и да ги сокрие малверзациите што биле правени со доделувањето на државното земјоделско земјиште и искористувањето на сите програми од овој раководител и на неговите фирми. Јас како дополнителен заменик-министер и ние како СДСМ нема да молчиме. Ќе работиме во интерес на граѓаните и во интерес на земјоделците. Секој што се огрешил пред законот мора да одговара – изјави Николовски.