Македонија СДСМ поднесе две иницијативи во Град Скопје

СДСМ поднесе две иницијативи во Град Скопје

Советничката група на СДСМ и на здружената опозиција, на денешната седница на Советот на Град Скопје, покрена две иницијативи. Првата иницијатива е „Универзална сала“ во Скопје да го носи името на Тоше Проески, а втората e за намалување на цената на водата за пиење во Скопје за 30 проценти.

– Ликот и делото на Тоше Проески оставија длабоки траги во сеќавањата на сите наши граѓани и оваа сала треба да го носи името токму на личноста која е симбол на уметноста и на хуманоста. Тоа е барање и желба на мнозинството граѓани на Скопје, но и на цела Македонија. Исто така, сметаме дека со намалувањето на цената на водата ќе се создаде простор за зголемување на процентот на наплата и за намалување на загубите на вода, со што ќе се подобри финансискиот прилив за околу шест милиони евра годишно – рече на прес-конференција Драги Давчевски, советник во Советот на Град Скопје од СДСМ.