Македонија СДСМ Охрид: Градоначалникот се жали на неефикасност, а вработува партиски војници

СДСМ Охрид: Градоначалникот се жали на неефикасност, а вработува партиски војници

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, и ВМРО-ДПМНЕ постојано се жалат дека општинската администрација е неефикасна и пренатрупана, а сепак континуирано вработуваат нови партиски војници, обвинија денеска од СДСМ.

За време на новогодишните и божикните празници, течеше рок за пријавување на конкурс за 10 нови вработувања во општинската администрација во Охрид. ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески не реализираа ниту еден од ветените капитални проекти за Охрид, а немаат ниту капацитет да организираат ефикасна и професионална општинска администрација. Бакрачески не ги користи постојните кадровски потенцијали во Општината и јавните претпријатија и ја оптоварува општинската каса со непотребни нови вработувања на партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ? Во новиот буџет за 2015 година, на конто плати за администрација има зголемување за 13.200.000 денари – рече на прес-конференција Жаклина Лазаревска, советник во Советот на општина Охрид, од СДСМ.