Македонија СДСМ: Одговорните во ВМРО-ДПМНЕ да поддржат реформи на „сваровски-судството“

СДСМ: Одговорните во ВМРО-ДПМНЕ да поддржат реформи на „сваровски-судството“

Ќе има реизбор во судството по најдобрите европски практики и Македонија ќе биде правна држава, порача СДСМ денеска, преку соопштение како одговор на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на која зборуваше Горан Манојлоски.

„Реизбор во судството и правна држава, како што им вети на граѓаните, ќе обезбеди новата реформска влада. Очекуваме чесните и одговорни политичари и пратеници во опзициската ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат реформските процеси за европска Македонија, што подразбираат и независно судство и владеење на правото“, се додава во соопштението на СДСМ.