Македонија СДСМ: Ние знаеме како да го подигнеме срушеното здравство

СДСМ: Ние знаеме како да го подигнеме срушеното здравство

Македонија е на последното место во Европа по здравствени услуги, според Европската служба за здравствена заштита, обвини СДСМ. Од партијата велат дека системските проблеми и нефункционирањето на здравствениот систем во Македонија резултираат со трагични последици врз животите на граѓаните.

„Здравството тоне. Нема доволен лекарски кадар, нема соодветна опрема, недостига медицински материјал. Граѓаните сè повеќе плаќаат, а добиваат сè помалку и сè полоши услуги. Ние имаме решенија за проблемите во здравството и знаеме како да се подигне срушеното здравство и како да се обезбеди чиста и здрава животна средина“, пишува во сооопштението на партијата.

Од опозицијата најавуваат дека денеска на Скопски саем – Скопје, ќе одржат дебата од проектот „Визијата за Макдонија“ на тема „Создаваме здрава средина за здрав живот“.