Економија СДСМ: Не се согласивме со ново задолжување од 100 милиони евра

СДСМ: Не се согласивме со ново задолжување од 100 милиони евра

„Денеска СДСМ, преку дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, го употреби законското право и не се согласи со најавенoто ново задолжување на граѓаните од 100 милиони евра на домашниот пазар, најавено за вторник, 1 декември“, се вели во соопштението на партијата.

Оттаму велат дека Груевски и Ставрески сакаат да ги задолжат граѓаните кај домашните банки за нови 100 милиони евра.

– Ова ново задолжување е доказ дека државната каса е празна и зависна од нови и нови задолжувања. Ова задолжување е доказ дека е загрозена исплатата на платите и на пензиите до тој степен што државната каса е во состојба да не може да ги дочека средствата од еврообврзницата, кои треба да бидат оперативни за само неколку дена – се вели во соопштението.

Според СДСМ, „нема дилеми дека секое дополнително задолжување претставува обид за финансирање на различни форми на изборна измама и корупција, за што во неколку изборни циклуси, мисиите на ОБСЕ/ОДИХР упатија сериозни забелешки за злоупотреба на државните ресурси во изборни цели“.