Главна секција СДСМ: Не помага манифест, итно да се овозможи мирен трансфер на власта!

СДСМ: Не помага манифест, итно да се овозможи мирен трансфер на власта!

На денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, која побара обединување зад манифестот што го предложи изминатиот викенд, реагираше СДСМ. Партијата порача дека спасот ќе дојде само од граѓаните, а дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ е составено од криминалци.

„Гласот на граѓаните изразен на веродостојни избори никој нема право да го спречи. На демократски начин, формирано е парламентарно мнозинство од 67 пратеници. Има програма на новата реформска влада на унитарна Македонија и тоа е единствениот валиден документ за граѓаните. Следува трансфер на власта на мирен начин што никој нeма право да го спречи. Денес е 2017 година, не 1903 г. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ е составено од кримималци кои бараат спас за сопствената кожа. Спасители на државата се граѓаните кои избраа промени. Затоа таканаречениот манифест на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо друго туку неуспешен обид за враќање во политичкиот живот на Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Партијата порачува дека нема да има никакви преговори за амнестија и дека Македонија ќе биде правна држава, како и дека сите што направиле криминал и злодела врз граѓаните ќе одговараат.