Македонија СДСМ му ги бара ветените, а нереализирани проекти на градоначалникот Бакрачески

СДСМ му ги бара ветените, а нереализирани проекти на градоначалникот Бакрачески

Со наближување на денот на изборите и на промените за кои верува дека ќе се случат во Македонија, СДСМ му ги бара ветените, а нереализирани проекти на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

„Недомаќинското и неодговорно работење на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Бакрачески, сè повеќе доаѓа до израз. Охриѓани знаат што сè вети Бакрачески, а во својот мандат ништо не исполни. Го нема ветениот дом за стари лица, нема затворен градски пазар, нема откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи, нема индустриска зона во Мауцхер. Индустриската зона Охрид – Струга, која спектакуларно беше отворена од обвинетиот Никола Груевски, плива во вода. Нема ниту домашни ниту странски инвестиции во Охрид. Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ четири години бараат изговори зошто ниту еден проект од големо значење за охриѓани не е реализиран“, стои во соопштението на Општинската организација на СДСМ од Охрид.