Македонија СДСМ: МРТ известува селективно и пристрасно

СДСМ: МРТ известува селективно и пристрасно

Македонска радио-телевизија не ја извршува законската обврска за професионално, објективно и непристрасно информирање на јавноста, туку е претворена во класично партиско гласило на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски, велат од СДСМ.

Оттаму велат дека МРТ известува селективно и пристрасно во интерес на власта.

– Обраќањето на Никола Груевски, од страна на МРТВ беше пренесено во живо, во текот на денот и во интегрална форма. Но, обраќањето на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, не беше пренесено во живо, ниту, пак, интегрално. Дополнително, во вториот ТВ-дневник на МРТВ, на Никола Груевски му беа отстапени повеќе минути во ударниот дел, а од обраќањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, МРТВ пренесе само кратка изјава, пократка од 40 секунди. Иако во истиот дневник беа пренесени изјави од портпаролот на МВР, но и интервјуто со Гордана Јанкулоска, кое беше емитувано и во дневникот во 17 часот. МРТВ емитуваше дел од обраќањето на претседателот Заев, без одговорите на прашањата, дури околу 1 часот по полноќ. Што значи, наредниот ден – велат од СДСМ.