Македонија СДСМ: Кој ги чисти улиците од снег во Прилеп?

СДСМ: Кој ги чисти улиците од снег во Прилеп?

Директор на фирмата „Пела транс компани“, која неколку години по ред ги добива тендерите за одржување на улиците во Прилеп во зимски услови, е Бобан Синадиноски, близок роднина на министерот Миле Јанакиески, обвинува Миле Талевски, член на Советот на Општина Прилеп.

– На интернет-страницата на електронскиот систем за јавни набавки, не можеме да најдеме објавен тендер за зимско одржување на улиците во Прилеп за 2014/2015 година. Но, возила на оваа фирма можат да се видат низ градот како чистат снег. Граѓаните на Прилеп имаат право да знаат, бидејки се работи за трошење нивни пари од општинскиот буџет, дали и со која фирма Општина Прилеп има склучено договор за чистење на снегот и на мразот од улиците и колку ги чини тоа? Дали е спроведен законски тендер или возилата на оваа фирма, случајно и на своја рака, невешто се обидуваат да чистат снег од улиците? Дали роднинските врски помеѓу министерот Јанакиески и фамилијата Синадиноски биле спрегата за добивање на тендерот на Општина Прилеп? – прашува Талевски.