Економија СДСМ ќе воведе бенефициран стаж за земјоделците

СДСМ ќе воведе бенефициран стаж за земјоделците

Претседателката на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Татјана Прентовиќ, денеска ги посети жителите на Лозово и на Дорфулија.

– Земјоделството е клекнато на колена. По промена на власта, лозарите ќе имаат сигурност на производството и пониски производствени трошоци. Субвенциите ќе ги зголемиме на 160 милиони евра. Земјоделците субвенциите ќе ги добиваат навремено и тогаш кога им се најпотребни – изјави Прентовиќ.

Таа ги образложила и мерките од програмата на СДСМ.

– СДСМ нуди државна помош за отворање нови погони во земјоделството. Секоја година ќе инвестираме по 10 милиони евра во системите за наводнување и во микроакумулации. Ќе воведеме бенефициран земјоделски стаж, бидејќи земјоделците тоа и го заслужуваат – изјавила Прентовиќ.