Дописници СДСМ: Каде беа вчера штипјани?

СДСМ: Каде беа вчера штипјани?

Во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, вчера беше цела Македонија, но најмалку луѓе од Штип, рече на прес-конференција општинскиот лидер на СДСМ, Владимир Милошев.

Според Милошев, на вчерашниот таканаречен „сенароден собир во Штип“, ВМРО-ДПМНЕ доживеа уште едно големо фијаско.

– Во градот пристигнаа четириесетина автобуси, а во салата имаше сè освен штипјани – изјави Милошев, според кого, ова е резултат на „Вистината за Македонија“.

Од ВМРО-ДПМНЕ на ова одговорија дека најважни се пораките од собирот, а што се однесува до собирот, биле презадоволни од посетеноста, особено од штипјани.