Македонија СДСМ: Им се суди на граѓаните, кои беа против преименувањето на улиците...

СДСМ: Им се суди на граѓаните, кои беа против преименувањето на улиците во Скопје

„Денеска почнува судско рочиште против граѓаните кои беа спречени да присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје, на која мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ги преименува улиците во Скопје. Граѓаните беа спречени и покрај тоа што седниците на Советот се јавни“, истакна на прес-конференција Саша Богдановиќ, претседател на Општинската организација на СДСМ во Центар.

– Денеска им се суди на граѓаните, кои сакаа да го искажат својот став против преименувањето на улиците во Скопје, против бришењето на хероите од НОБ, потценувањето на жртвите и значењето на народно ослободителното движење. Од друга страна, случаите кои не се однесуваат на лица блиски до неа, власта веднаш ги процесира со кривични пријави кои експресно се спроведуваат. И не само тоа. Дел од овие учесници беа наградени од ВМРО-ДПМНЕ, дури и со претседавачко место во Советот на Општина Ѓорче Петров. Во Македонија ниту има правда, ниту има правна држава. СДСМ, веднаш по промената на власта, ќе го врати правниот и уставниот поредок во државата – рече Богдановиќ.