Македонија СДСМ: Груевски призна страв од специјалниот јавен обвинител

СДСМ: Груевски призна страв од специјалниот јавен обвинител

Никола Груевски денеска јасно призна дека случајот „Пуч“ е политички монтиран и призна страв од новиот специјален јавен обвинител, реагираат од СДСМ.

„Од СДСМ велат дека партиското гласило на Груевски, „Курир“, тврди дека „На Заев му е потребен специјален јавен обвинител да го ослободи од Пуч“. Тоа значи дека Груевски знае дека не постои дело „Пуч“, штом на уште неизбран, неименуван специјален јавен обвинител, прогнозира дека новиот обвинител ќе го отфрли делото „Пуч“. Кај специјалниот јавен обвинител одат сите предмети во врска со прислушувањето и содржините од него и тоа е болката на Никола Груевски, но за тоа требало да мисли кога ги правел криминално-корупциските скандали. Наивно е од Груевски ако се надевал дека Марко Зврлески вечно ќе му ги покрива, а тој комотно цел живот ќе ги малтретира граѓаните и Република Македонија“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ потсетуваат дека средувањето на состојбата во медиумите е обврска од извештајот на експертската група на ЕК, предводена од Рајнхард Прибе.

„Стравот на Груевски и за независни медиуми е оправдан, бидејќи, што би бил Груевски без медиумите. Но договорот 2 јуни/15 јули е постигнат и назад нема“, реагираат од СДСМ.