Македонија СДСМ: Груевски не одговори на ниту едно прашање

СДСМ: Груевски не одговори на ниту едно прашање

Ставрески и Груевски дури ни скриени зад соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ, не можат да ги отфрлат како неточни сомнежите дали постојат и други наводни странски инвеститори, за каков што што го прогласија нивниот близок партнер Субрата Рој, порача СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ реагираше на денешната прес-конференција на Кире Наумов од СДСМ.

„Ги нема премиерот и министерот за финансии да кажат колкави штети претрпеа земјоделството и државата од наводниот мултимилијардер Субрата Рој. Нема одговор ни на едно од поставените прашања на прес-конференцијата: колку е зголемен увозот во Македонија, колку е зголемен трговскиот дефицит, колави плати примаат граѓаните на Македонија во инвестициите со кои се фалат, дали се тоа минимални плати за експлоатирачка работа во тешки услови и дали тие тоа го дозволуваат, зошто од домашните претпријатија направија сиромашни слуги на странски компании кои уживаат бенифиции за кои домашните можат само да сонуваат. ВМРО-ДПМНЕ брендовите нека ги бара во нивната зграда на „Димче Мирчев“ број 20.
Во 2014 година, на власт 9. година е ВМРО-ДПМНЕ и Груевски и Ставрески имаат обврска да им ги објаснат на граѓаните последиците од нивните филмски авантури“, порача СДСМ.