Македонија СДСМ: Груевски е фатен во скандалозното прислушување и одговорност мора да има

СДСМ: Груевски е фатен во скандалозното прислушување и одговорност мора да има

Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да се помири со фактот дека правдата доаѓа по своето и дека одговорност за сите злодела врз граѓаните и врз државата ќе има, се вели во реакцијата на СДСМ, на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека „ќе има правда и мир кога Заев ќе одговара на суд, а Јанева нема да го спасува.“

– Никола Груевски од позиција на поранешен премиер е фатен во безобразно измислување жолти комбиња, тактички опреми, клонирани станици, странски служби, само за да се обиде да се спаси себеси и својот братучед Сашо Мијалков за скандалот со нелегалното прислушување. Затоа на Груевски и на соработниците им пречи СЈО, формирано со потпис од Груевски на Договорот од Пржино и со гласови на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот – се вели во реакцијата на СДСМ.