Култура СДСМ: Да се објават резултатите од конкурсот за превод на македонски книги

СДСМ: Да се објават резултатите од конкурсот за превод на македонски книги

Според СДСМ дел од грантовите биле со понижувачки мал износ

СДСМ бара Министерството за култура да ги објави резултатите од конкурсот за превод на македонска литература на странски јазици. Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ, вели дека, според нивните информации, дел од грантовите биле со понижувачки мал износ.

– Со обајавување на имињата на авторите, ќе се открие дали е исполнет критериум за репрезентативни дела на македонската литература и дали во сите случаи се постапувало во согласност со критериумот за избегнување на конфликт на интереси – вели Алаѓозовски.

Тој додава дека овој пример покажува дека лошо е спроведена евалуацијата на целокупната реализација на Акцискиот план за развој на културата 2014-2017.