Македонија СДСМ: Да престанат акциите на затворање на објекти во Битола

СДСМ: Да престанат акциите на затворање на објекти во Битола

„Граѓаните викендов беа сведоци на масовни акциски контроли на инспектори од УЈП и на Државниот пазарен инспекторат во повеќе кафулиња и угостителски објекти, изведени со помош на специјални полициски сили. Бараме надлежните органи веднаш да престанат со бруталните акции на затворања објекти, што викендов се случи и во Битола“, реагираше денеска СДСМ.

– Инспекторите влегуваа во кафулињата, со, до заби, вооружени полицајци – специјалци. Сведоци на акциите, многу од нив млади луѓе, кажуваат дека сопствениците на објектите не пружале отпор. Затоа денеска во Битола револтирано се коментира со кое право инспекторите на Трајковски и на Груевски употребуваа полициски сили – соопштија СДСМ.