Македонија СДСМ бара итни мерки против загадувањето и оставка од градоначалникот Трајановски

СДСМ бара итни мерки против загадувањето и оставка од градоначалникот Трајановски

Состојбата со загадувањето на воздухот од ден на ден станува сè поалармантна и позагрижувачка, а ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски редат празни зборови за пред години, обвини СДСМ.

„Граѓаните на Македонија буквално се задушуваат од загаден воздух со огромни концентрации на канцерогени честички ПМ10. Подолг временски период граѓаните дишат по 10, па дури и по 20 пати позагаден воздух од дозволеното. Цели 10 години Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ништо не презедоа за да се подобри квалитетот на воздухот, а потрошија 630 милиони евра за споменици.
Но, затоа Никола Груевски и неговиот извршител Коце Трајановски константно го уништуваат зеленилото во главниот град, на штета на здравјето на граѓаните“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека наместо празни зборови, потребно е итно да се преземат мерки за да се намали загадувањето.

„Коце Трајановски веднаш треба да си поднесе оставка“, бара опозицијата преку соопштение.