Свет Свет Саудискиот крал нареди проверка на безбедноста во Мека

Саудискиот крал нареди проверка на безбедноста во Мека

Саудискиот крал Салман нареди да се провери безбедносниот систем на прославата во Мека, откако вчера во стампедо во близина на овој свет муслимански град загинаа 717 лица.

Уште 863 лица се повредени во инцидентот во Мина, кој се случи за време на годинешниот аџилак, во кој учествуваа два милиони луѓе. Ова е најголема трагедија што се случи во последните 25 години.

Саудискиот крал изјави дека е потребно да се „унапреди нивото на организација и да се управува движењето на верниците“, пренесува Би-Би-Си.

Саудиските власти формираа комисија, која ќе спроведе истрага за ова случување.

Министерот за здравство, Калед ал Фалих, изјави дека турканицата се случила бидејќи многу верници тргнале непочитувајќи го распоредот за време, што го направиле властите.

Ова беше втора несреќа во Мека во последните две недели, откако кран се урна врз Големата џамија, кога загинаа 109 лица.