Свет Саудиска Арабија разби ќелија на ИД

Саудиска Арабија разби ќелија на ИД

Саудиска Арабија разбила ќелија на Исламска држава во престолнината Ријад, јави државната телевизија „Ал Арабија“, повикувајќи се на соопштение на новоформираната државна безбедност.

Саудиските сили за безбедност убиле двајца припадници на ќелијата на ИД, уапсиле пет и извршиле претрес на три локации.

ИД изврши повеќе бомбашки напади против безбедносните сили и шиитските муслимани во Саудиска Арабија, чие раководство со години беше критикувано поради отстапување од стриктната интерпретација на исламот и соработката со САД.