Свет Саудиска Арабија погуби принц

Саудиска Арабија погуби принц

Саудиска Арабија погуби член на кралското семејство, што е реткост кога станува збор за судиското кралско семејство.

Принцот Турки бин Сауд ал-Кабир е погубен во главниот град Ријад, затоа што во тепачка пред неколку години го уби Саудиецот Адел ал Махемид, се наведува во соопштението на министерството за внатрешни работи.

Кабир е 134. лице осудено на смрт од почетокот на годинава во Саудиска Арабија.