Свет Саудиска Арабија негира дека ја бомбардирала свадбата

Саудиска Арабија негира дека ја бомбардирала свадбата

Официјален Ријад денеска ги отфрли обвинувањата на јеменските власти дека нејзините воздухопловни сили се одговорни за завчерашното убиство на 130 цивили на свадба во jугозападниот дел на Јемен.

Саудиска Арабија тврди дека за време на инцидентот, нивните воздухопловни сили, како и силите на членките на меѓународната сунитска коалиција, не учествувале во никакви воени операции во Јемен.

Јеменските медиуми јавуваат дека жртви биле гости на свадба на близок човек до бунтовничките Хути.