Свет Саудиска Арабија ќе испрати војска во Јемен само во случај на потреба

Саудиска Арабија ќе испрати војска во Јемен само во случај на потреба

Копнени сили во Јемен против Хутите, ќе испрати Саудиска Арабија само во случај на потреба.

– Таму може да има ограничена копнена операција, на определено место и во определено место. Но, не очекувајте автоматски да преземеме копнена операција – изјави бригадниот генерал Ахмед Асери, портпарол на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

Тој истакна дека целите можат да бидат постигнати со други средства, а не со копнена операција.