Свет Европа Саудиска Арабија ги продолжува нападите на Јемен

Саудиска Арабија ги продолжува нападите на Јемен

Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија денеска го бомбардираше градот Таез, на југозападот на Јемен, каде бунтовниците Хути претходно нападнаа камп на војската на актуелниот јеменски претседател, Абд Раб Мансур Хади.

Неименувани извори соопштија дека мета на нападот бил воен камп, каде рано наутро се судриле приврзаниците и противниците на Абд Раба Мансур Хади.