Свет Свет Саудиска Арабија: Асад нема иднина во Сирија

Саудиска Арабија: Асад нема иднина во Сирија

Официјален Ријад го нема променето ставот кон Сирија и понатаму смета дека сирискиот претседател Башар ал Асад нема иднина во Сирија, изјави шефот на саудиската дипломатија, Адел ал Џубери, на заедничката прес-конференција со францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабиус.

Францускиот министер ја повика Русија да го искористи своето влијание и да го спречи Асад во користењето барел-бомби во судирите во Сирија.