Свет Европа Сатиричниот весник „Окован патор“ доби смртна закана: „Вие сте на ред“

Сатиричниот весник „Окован патор“ доби смртна закана: „Вие сте на ред“

Најпопуларниот и најтиражниот францускиот сатиричен весник „Ле Канар еншен“ (Окован патор) добил закани дека „нему му е ред“ и тоа еден ден по масакрот во парискиот неделник „Шарли ебдо“. Полицијата го засили обезбедувањето на весникот и почна истрага.

„Вие сте на ред“, стои во пораката, во која се објаснува дека новинарите ќе бидат распарчени со „секира“.

„Имајќи ги предвид околностите, надзорот е засилен, а правосудството отвори истрага“, додава весникот.

Неделникот ги добил заканите на 8 јануари, еден ден по нападот на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“, во кој беа убиени 12 карикатуристи, новинари и соработници.

„Ле Канар еншен“, кој излегува во среда, за оваа недела го избра слоганот „Слободата на печатот се троши само кога не се користи“, а на насловната е поставен Кабо (еден од убиените карикатуристи) кој порачува: „Ајде момци, не колете се“.

„Ле Канар еншен“ излегува во тираж од речиси половина милион примероци, што е далеку повеќе од „Шарли ебдо“, кој вообичаено се печати во 60.000 примероци.