Забава Саркози и Ле Пен, најпопуларни француски политичари

Саркози и Ле Пен, најпопуларни француски политичари

Поранешниот француски претседател Никола Саркози и лидерката на партијата Национален фронт, Марин ле Пен, се најпопуларните политичари во земјата, покажуваат денеска објавените резултати од истражувањето на јавното мнение.

Истражувањето го спровела агенцијата „Одокса“ и е по нарачка на весникот „Паризиен“. Анкетираните одговарале напрашањето: Со кого од француските политичари би сакале да ја дочекате Новата година?“

Од анкетираните, 19 процента го посочиле Саркози, а 17 проценти – Ле Пен.

Премиерот Мануел Валс е на петто место со 12 проценти, а актуелниот претседател Франсоа Оланд – едвај единаесетти со само девет проценти.

Истражувањето било спроведено на интернет во периодот 11-12 декември меѓу 1.002 полнолетни лица.