Свет Балкан Сарацин: Северна Македонија ќе биде главна цел на руските дезинформации

Сарацин: Северна Македонија ќе биде главна цел на руските дезинформации

Фото: Olaf Kosinsky, Лиценца:CC BY-SA 3.0 DE, Викимедија комонс

Северна Македонија ќе биде главна цел на руските дезинформации, и тоа можеби е уште едно стратешки отворено прашање за нас. Ова во интервју за Дојче веле го вели Мануел Сарацин, специјалниот претставник на германската влада за Западен Балкан, кој бара напредок во ЕУ проширувањето кон регионот.

„Северна Македонија ќе биде главна цел на руските дезинформации, и тоа можеби е уште едно стратешки отворено прашање за нас. Затоа во моментов е екстремно важно конечно да започнат преговорите со С. Македонија и со Албанија“, вели тој.

На прашањето, какв мерки предлага тој за да се сузбие влијанието на руските дезинформации и хибридната војна која се протега на целиот регион, тој одговара дека најважната контрамерка е веродостојноста на ветувањето за проширување на Европската унија.

„Затоа е толку важно при отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија конечно да ја коригираме оваа грешка и да покажеме дека напредокот води кон тоа и Европа да ги одржува своите ветувања“, смета Сарацин.

Утре, 23 јуни, во Брисел ќе започне самитот ЕУ – Западен Балкан.