Економија Саемот „Технома“ го посетиле 25.000 луѓе

Саемот „Технома“ го посетиле 25.000 луѓе

Саемот на металургија, електроника, енергетика, нематали, градежништво, обезбедување и за заштита, „Технома 2015“, го посетиле повеќе од 25.000 посетители, информираат организаторите.

Заклучокот на овој саем е дека треба да се работи на подигнување на свеста кај претпријатијата за иновациите, за да ги искористат финансиските средства од Фондот за иновации и за технолошки развој.

Исто така, за подобрувањето на конкурентноста и на извозот во Македонија, потребно е да се креираат производи и услуги што создаваат дополнителна вредност на општеството, а иновациите и технолошкиот развој се помеѓу најбитните фактори за подобрување на конкурентноста и воопшто за подигнување на животниот стандард на граѓаните.