Економија Саемот „Агрофуд 2015“ ќе се одржи од 1 до 4 октомври

Саемот „Агрофуд 2015“ ќе се одржи од 1 до 4 октомври

Меѓународниот саем за широка потрошувачка, „Агрофуд 2015“, ќе се одржи од 1 до 4 октомври, на Скопски саем.

Сите учесници на „Агрофуд 2015“, кој воедно ќе има нов продажен аспект, ќе ги претстават своите диверзифицирани палети на разни производи и услуги од органското производство во Македонија, со додаден акцент и на претставниците на конзервната индустрија.

На изложбено-продажните штандови, освен прехранбените производи како храна, пијалоци и стоки за широка потрошувачка, ќе можат да се разгледаат и набават најразновидни и најнови машини и опрема за амбалажирање.