Култура Саем на книгата од 12 до 18 април

Саем на книгата од 12 до 18 април

Меѓународен саем на книгата ќе се случува од 12 до 18 април, а се очекува бројот на посетители да биде поголем од 40.000.

На Саемот на книгата, на едно место ќе се претстават најголемите домашни издавачи, но и издавачи од регионот.

Свеченото отворање е в понеделник (11 април) во 19 часот во „Метрополис арена“. Работното време е од 10 до 20 часот. Цената на влезниците за посетители е 30 денари, а за организирани групни посети ќе чини 20 денари.

За време на Саемот на книгата, од 14 до 16 април, ќе се случуваат и уште две други саемски манифестации, Меѓународниот саем за туризам „Скопје травел маркет“ и „Денови на образование и на кариера“.