Uncategorized Саем на човекови права во ЕУ-инфоцентар

Саем на човекови права во ЕУ-инфоцентар

Со саем на човекови права, денеска во ЕУ-инфоцентар се одбележа Меѓународниот ден на човекови права, на кој се претставија невладините организизации што работат во унапредување на човековите права.

Свои штандови имаа повеќе организации кои промовираат слобода на медиумите и слобода на говор и невладини организации кои работат на намалување на дискриминацијата, помош на маргинализираните групи и социјализација на деца со посебни потреби.