Свет Свет САД: Вирусот зика пренесен преку полов однос

САД: Вирусот зика пренесен преку полов однос

Во Тексас е откриен прв познат случај на пренос на вирусот зика од човек на човек на подрачјето на САД, соопштија синоќа здравствените служби, наведувајќи дека заразата е пренесена преку полов однос.

Вирусот е поврзан со тешки природни деформации кај бебињата, а се шири брзо по двата американски континента, поради што претставниците на Светската здравствена служба прогласија вонредна состојба и изразија загриженост дека ќе ги погоди Африка и Азија.

Се верува дека зика го шири тигрестиот комарец, но пренесувањето преку полов однос е дополнителна причина за загриженост.

Американскиот центар за контрола и за превенција на болести (ЦДЦ) потврди дека е забележан првиот случај на зараза со вирусот зика кај лице кое не патувало во странство, напиша директорот на ЦДЦ, Том Фрејден.
ЦДЦ сè уште не истражил како се пренел вирусот.