Подглавна секција САД тврди дека Северна Кореја тајно испраќа артилериско оружје во Русија

САД тврди дека Северна Кореја тајно испраќа артилериско оружје во Русија

фото: geralt на Pixabay

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја обвини Северна Кореја дека тајно ја снабдува Русија со гранати за агресијата врз Украина, пренесе „Блумберг“.

Според портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, Северна Кореја оружјето го испраќа најпрвин на Блискиот Исток или во Северна Африка, во обид да се сокрие точната дестинација на испратените гранати.

Претходно во септември, САД соопшти дека Русија сака да купи милиони ракети и артилериско оружје од Северна Кореја, што Белата куќа во тоа време го сметаше за доказ дека Русија се соочува со сериозен недостиг на оружје.

Американските тврдења доаѓаат откако Северна Кореја истрела најмалку 23 проектили, вклучително и неколку балистички ракети, од кои една падна во близина на територијалните води на Јужна Кореја.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и јужнокорејската министерка за надворешни работи Парк Џин ги осудија лансирањата, опишувајќи ги како воена провокација.