Свет Балкан САД преку Хрватска ќе го снабдуваат регионот со гас

САД преку Хрватска ќе го снабдуваат регионот со гас

По згаснувањето на проектот „Јужен тек“ и притисокот од САД и ЕУ врз транзитните земји да се откажат од проектот, Вашингтон има намера преку Хрватска да го снабдува регионот со гас.

САД ја поддржуваат изградбата на пловен терминал кој, како што тврдат, не е насочен против Русија туку кон зајакнување на енергетската независност на Хрватска и на Европа.

Координаторот за меѓународни енергетски прашања во Стејт департментот, Амос Хокштајн, ја договорал оваа работа со претставниците на владата на Хрватска во Загреб.

Официјален Загреб наведува дека пловниот терминал им е еден од најголемите приритети, а е поевтин од фиксниот, побргу се гради и може да биде целосно оперативен во рок од две години.

САД се подготвени да го полнат идниот терминал со гас, кој може да се набави во Австралија, Катар и во други земји, кои ги развиваат своите гасни ресурси.