Свет САД ќе прими една до две илјади бегалци од Сирија

САД ќе прими една до две илјади бегалци од Сирија

САД би требало следната година да примат меѓу пет и осум илјади сириски бегалци, објави портпаролот на американското министерство за надворешни работи Џон Кирби.

– Вашингтон би требало на своја територија да прими меѓу една и две илјади сириски бегалци оваа година и меѓу 5.000 и 8.000 следната година – рече Кирби.

Шефот на УНХЦР, Антонио Гутерес во јули соопшти дека бројот на сириските бегални надминал четири милиони, а повеќето живеат во беда и сонуваат за емиграција во Европа, откако изгубиле секаква надеж за враќање во својата земја која е разорена од војна.

Најмногу сириски бегалци има во Турција и во Либан.