Свет Свет САД ја прошируваат кампањата против ИД

САД ја прошируваат кампањата против ИД

САД планираат да ја прошират и да ја интензивираат воената кампања против Исламска држава, со повеќе и поинтензивни воздушни напади во Сирија, соопшти американскиот секретар за одбрана, Ештон Картер, во обраќање пред одборот за вооружените сили во Сенатот.

Според Картер, прв на ударот на новата интензивирана воена кампања ќе биде градот Рака, кој Исламска држава го прогласи за своја престолнина во Сирија, како и Рамади, главниот град на покраината Анбар во Западен Ирак.