Свет Свет САД и Куба почнуваат преговори за отворање амбасади

САД и Куба почнуваат преговори за отворање амбасади

Американскиот Стејт департмент соопшти дека преговарачите на САД и на Куба ќе се сретнат следниот четврток да разговараат за повторно отворање амбасади во главните градови на двете земји.

Како што јавува „Би-Би-Си“, преговорите ќе се фокусираат на практичните мерки што се неопходни за повторно да се отворат амбасадите.

Иако односите меѓу Куба и САД се значително подобрени, тоа не значи дека се решени сите спорови, па затоа и трговското ембарго на САД останува на сила.

Минатиот месец, претседателот Обама рече дека Куба ќе биде отстранета од листата на земји кои финансираат терористички групи, а тоа беше условот на Хавана за почеток на преговорите за отворање амбасади.