Свет САД и Куба ќе отворат амбасади во главните градови

САД и Куба ќе отворат амбасади во главните градови

Aмбасади во главните градови на САД и на Куба ќе отворат двете земји, а одлуката треба да биде соопштена денеска.

Односите беа замрзнати уште од 1960 година кога Вашингтон ги прекина дипломатските врски и воведе ембарго за трговија со комунистичкиот остров.

Двете земји се согласија да ги нормализираат односите на крајот на 2014 година. Лидерите на двете земји одржаа историска средба во април годинава.

Уште од 1977 година, САД и Куба имаа дипломатски мисии во главните градови под легална заштита на Швајцарија, но овие претставништва го немаа статусот на амбасади.